Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Граѓаните вакцинирани во странство сертификати за патување да бараат од тие земји

Филипче: Граѓаните вакцинирани во странство сертификати за патување да бараат од тие земји
Dik 300x250 mk

Македонците вакцинирани на меѓуграничнот премин со Бугарија кај Делчево, потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствен власти. Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избираат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ која ја нема кај нас.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес одговарајќи на новинарско прашање, рече дека граѓаните вакцинирани во други земји, документ за патување со код за примените вакцини, треба да бараат од државата во која ја добиле вакцината.

„Секаде каде што се вакцинираат наши граѓани во други земји, сертификат им се издава во тие земји поради тоа што мора да се стават точно сериите со кои што граѓаните се вакцинираат“, рече министерот Филипче.

Од следната недела Филипче извести дека ќе почне да се издава македонскиот „зелен пасош“, односно документот во кој ќе има „кју-ар“ (QR) код со податоци за датумите на кои се примени вакцините, производителот на вакцините, ќе стојат податоци за ПЦР тест и податок за антитела како доказ за прележан ковид.

Се уште нема најави во кои земји ќе биде дозволен влезот, а во кои нема да се признаваат вакцините со кои досега се вакцинра кај нас.

„Каква ќе биде политиката на земјите членки на ЕУ и на секоја земја поединечно во рамките на Унијата или земјите во светот е тешко да се каже. Има некои најави, но тие се менуваат. Нашиот ’грин пас’ ќе биде електронски и преку апликација ќе може да се симне на мобилен телефон. Ќе има кју-ар код за вакцина и ревакцина, за ПЦР тестирање со тоа што ќе може овој податок да се надгради со секое следно тестирање и ќе има податок за антитела како доказ за прележана болест ако некоја земја го бара“, рече министерот Филипче.

Документот граѓаните од следната недела ќе можат да го побараат од матичните лекари и да зачуваат на мобилните телефони.

Грција веќе се изјасни дека ќе дозволи влез и за граѓани кои примиле руска или кинеска вакцина, покрај оние на кои ќе им биде дозволен влез со негативен тест не постар од 7 часа. Во најголем дел од земјите во Европа, влезот на македонски граѓани е условен со ПЦР тест.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ