Утрински Весник
Македонија

Девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, затекнати во кафуле во Аеродром кое работело и покрај забраната

Девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, затекнати во кафуле во Аеродром кое работело и покрај забраната

Синоќа околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на булеварот Јане Сандански.

При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат, соопшти полицијата.

Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.

За настанот бил запознаен Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата