Утрински Весник
Спорт

Ангеловски повика 26 фудбалери за ЕУРО 2020

Ангеловски повика 26 фудбалери за ЕУРО 2020

Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство 2020. На спискот нема изненадувања, Ангеловски реши да ги користи услугите на фудбалерите кои го остварија најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал.

Селекторот Ангеловски повика 26 фудбалери, 23 од нив ќе бидат во протоколите за натпревари, а тројца ќе ги имаат статусто на резерви.

На спискот се најдоа младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов, како трет голман е повикан Ристе Јанков., а очекувано меѓу оние кои ќе бидат дел од тимот на ЕУРО 2020 го нема Илија Несторовски, кој поради повреда ќе го пропушти првенството.

Македонија првиот натпревар на ЕУРО 2020 ќе го одигра на 13.мај, во Букурешт, против Австрија, четири дена подоцна на истото место ќе игра против Украина, а на 21.мај против Холандија, во Амстердам ќе го одигра последниот меч во групата.

> Ангеловски повика 26 фудбалери за ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Огромна сума заработија Усик и Фјури