Утрински Весник
Свет

Радев и Мицотакис разговараа за европската интеграција на Западен Балкан

Радев и Мицотакис разговараа за европската интеграција на Западен Балкан
Dik 300x250 mk

Бугарскиот претседател, Румен Радев, оствари телефонски разговор со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, соопшти прес-службата на Радев.

Европската интеграција на земјите од Западен Балкан, билатералното партнерство меѓу Бугарија и Грција, како и соработката за надминување на последиците од епидемиската состојба во двете земји биле во фокусот на разговорот.

„Заеднички став е дека политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е вистинска инвестиција во стабилноста на регионот“, велат од Кабинетот на Радев.

Затоа, според бугарскиот шеф на државата, има потреба од непоколеблива поддршка за спроведување на неопходните реформи во земјите кандидати за исполнување на критериумите од Копенхаген за пристап во ЕУ.

„Градењето вистински добрососедски односи е најбезбеден и најбрз начин да се постигне полноправно членство во Европската унија“, истакнал Радев.

Зголемувањето на енергетската поврзаност и постигнување вистинска диверзификација во регионот, како и забрзување на процесот на градење на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција, исто така, биле теми на разговорот.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега