Утрински Весник
Спорт

Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата

Новинарите го прогласија фудбалерот на Манчестер сити, Рубен Дијаш, за играч на сезоната во Премиер лигата. Португалецот, сезонава одигра 31 натпревар.

Рубен Дијаш на „Етихад“ стадионот пристигна во летниот преоден рок од Бенфика за сума од 55 милиони евра. Како дел од овој трансфер, покрај парите, Бенфика го доби и Николас Отаменди.

Според стручњаците партнерството на Дијаш и Џон Соунс во одбраната им овозможи на „граѓаните“, оваа сеозна да ги освојат трофеите во Премиер лигата и Лига купот.

На 29.мај Сити ќе имаат можност да го освојат и третиот трофеј оваа сезона. Тие во финалето во Лигата на шампионите ќе играат против Челси.

> Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата <

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари