Утрински Весник
Македонија

Објавена книга по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора

Објавена книга по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора

По повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора и членството на земјата во Обединетите нации, во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: “Montenegro at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (2006-2021)”. Автори на книгата се м-р Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач во Институтот за национална историја и м-р Фатима Салифоска, докторанд по меѓународни односи и дипломатија.

Книгата претставува зборник на официјални документи на англиски јазик од обраќањата на црногорските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на 2 претседатели на државата, 4 претседатели на владата и 2 министри за надворешни работи на Црна Гора во периодот од 2006 до 2021 година.

Во пресрет на денот на независноста на Црна Гора, м-р Неџад Мехмедовиќ и претседателот на ЗЦГМ, г-дин Борис Попивода беа примени во амбасадата на Црна Гора во Скопје од страна на амбасадорката Н.Е. Марија Петровиќ. Во рамки на средбата, од име на издавачот и авторите на Н.Е. Петровиќ и беше врачен првиот примерок од книгата.

Црна Гора прогласи независност на референдумот одржан на 21 мај 2006 година. Резолуцијата за прием на Црна Гора во Обединетите нации ја донесе Советот за безбедност на седницата одржана на 22 јуни 2006 година. Генералното собрание на Обединетите нации на седницата одржана на 28 јуни 2006 година одлучи да го одобри приемот на земјата во Обединетите нации со што Црна Гора стана 192 членка на ООН.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна