Утрински Весник
Свет

Леден брег поголем од Мајорка се оддели од Антартикот

Леден брег поголем од Мајорка се оддели од Антартикот

Џиновска санта мраз со површина од повеќе од 4.000 квадратни километри се оддели од ледената полоча Рона на Антарктикот, пренесува РТ.

Ледениот брег, наречен А-76, сега е најголемата лебдечка ледена маса во светот – долг е околу 170 км и широк 25 км-и е поголем од шпанскиот туристички остров Мајорка, кој се протега на 3.677 квадратни километри.

Одделувањето на брегот го снимила мисијата „Коперникус Сентинел-1“, а сателитските снимки ја прикажуваат ледената маса како се двои од ледената плоча во Веделовото Море во речиси совршено права линија.

Претходниот рекордер A-23A е со големина од околу 3880 квадратни километри.

Раѓањето на новиот леден брег доаѓа кусо време откако гигантската табуларна санта мраз А-68, која беше вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, конечно се стопи во април.

Сантата, која за време на своето одделување се протегаше на околу 5800 квадратни километри, порано беше еден од најголемите забележани пловечки ледени тела. Таа се оддели од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот уште во јули 2017 година и започна три и пол годишно патување кон Јужниот Атлантик, кое будно го следеа сателитите.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година