Утрински Весник
Свет

Дамаск не гледа никакви промени во американската политика кон Сирија

Дамаск не гледа никакви промени во американската политика кон Сирија

Вашингтон не го смени однесувањето во врска со Сирија под новата администрација на претседателот Џо Бајден, посочи сирискиот амбасадор во Русија, Ријад Хадад, на онлајн конференција во средата, пренесува ТАСС.

„Најверојатно, никогаш нема да има промени во однесувањето на американската администрација, без разлика кој е на власт – демократите или републиканците. Политиката на САД останува иста кон она што се случува во Сирија. Досега не видовме никакви промени. САД не го сменија ставот за повлекување на вооружените сили од северот на земјата, тие се таму како окупатори“, нагласи Хадад.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите