Утрински Весник
Македонија

Заврши повикот за субвенции на инвертери, поднесени 1.656 барања

Заврши повикот за субвенции на инвертери, поднесени 1.656 барања

Градот Скопје ги информира граѓаните дека средствата од јавниот повик за доделување субвенции за инвертер-клима уреди за затоплување на домаќинствата, се исцрпени.

Во текот на наредните денови градските служби ќе ги обработуваат пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 1.656 пријави.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари годинава. На повикот граѓаните аплицираа онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима-уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето-износ.

Можете да прочитате

Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци

Промовирана „Е‑наука“ – национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини