Утрински Весник
Магазин

Љубов на Евровизија: Норвежанец се вљуби во Азербејџанка, а таа му остави тајна порака

Љубов на Евровизија: Норвежанец се вљуби во Азербејџанка, а таа му остави тајна порака

Норвешка и Азербејџан синоќа обезбедија влез во големото финале на Евросонг, на публиката ѝ се допаднаа претставниците на двете земји , а очигледно двајцата развиле блиски односи.

За многу пејачи, Евросонгот е важна точка во кариерата која ги насочува понатаму. Но, има и такви кои, покрај музички успех, добиваат и нешто повеќе.

Имено, норвешкиот претставник Андреас Хаукеланд, попознат како ТИКС, и претставничката на Азербејџан, Ефенди Мата Хари, со денови си посветуваат објави на социјалните мрежи.

Андреас, всушност, ја започна потенцијалната љубовна приказна кога ѝ посвети неколку песни на пејачката Песните ги снимил во Ротердам.

„Евровизиска љубовна песна посветена на Азербејџан. Означете некој што треба да го слушне ова, совет: Нејзиното име започнува со Е,“ – напиша тој алудирајќи на Ефенди.

Таа му одговори со песна, која ја отпеа со голема насмевка на лицето.

Романтичниот Тикс следниот ден ѝ подари букет рози со порака „Моето срце е твое“, а Ефенди пак му подари шише вино и нејзин постер со посвета.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста