Утрински Весник
Свет

Рускиот институт го одобри производството на „спутник В“ во Србија

Рускиот институт го одобри производството на „спутник В“ во Србија

Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во српскиот институт „Торлак“. Институтот го одобри производството на вакцината „спутник В“ против коронавирус во иднина во „Торлак“.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ја произведува вакцината „спутник В“, беше објавено на состанокот што во Москва го одржаа министерот во Владата на Србија и претседателот на Мешовитиот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и директорот на Институт Гамалеја Александар Гинцбург.

Министерот Поповиќ потсети дека сериите за валидација на вакцината од Торлак беа испратени на проверка во Институтот „Гамалеја“ минатиот месец.

„Институтот Гамалеја потврди дека вакцините произведени во Торлак ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет. Денес ја добивме таа потврда од нашите руски партнери и добивме одобрение да продолжиме со производството “, рече Поповиќ.

„Ова е одлична вест за Србија. Нашата земја повторно ќе стане сила во производството на вакцини, а денес тоа е како да го имате најмоќното оружје со кое ја заштитувате безбедноста на своите граѓани“, рече Поповиќ.

Тој посочи дека во следните две недели очекува од Русија да пристигне значителна количина на супстанција за производство на двете компоненти на вакцината „спутник В“.

„Многу скоро, Србија ќе има доволно вакцини за целосно да ги покрие своите внатрешни потреби и ќе разговараме со претседателот Вучиќ каде треба да се испраќаат вакцини надвор од Србија, со цел да им помогнеме на нашите партнери во регионот и во Европа во борбата против коронавирусот“, рече Поповиќ.

Можете да прочитате

Верижна сообраќајка во Полска: Се судрија 18 возила и три камиони, има жртви

Сериски убиец слободно шета во Германија? За четири месеци убиени четири жени

Бура доаѓа кон Европа, се очекуваат ветрови од 300 километри на час и огромни бранови