Утрински Весник
Македонија

Филипче: Можно е да се дозволи организирање на свадби, но под строги протоколи

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дополнително олеснување на мерките, доколку и во иднина продолжи трендот на намалување на бројот на заразени од корон.

Филипче најави и организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи.

„Многу е веројатно да се случи, ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, сѐ уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продолжат и понатаму“, изјави министерот.

Можете да прочитате

57-годишна скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта