Утрински Весник
Свет

„Франс прес“: Европската унија ги отвора своите граници за вакцинираните патници

„Франс прес“: Европската унија ги отвора своите граници за вакцинираните патници

Европската унија ќе ги отвори границите за целосно вакцинираните лица, објави денеска агенцијата „Франс прес“ (АФП).

Европската унија се очекува потполно да ги отвори своите граници за целосно вакцинирани до почетокот на јуни.

Поради масовните вакцинации низ земјите-членки на ЕУ, Европската комисија одлучила дека е време да се олеснат мерките за патување.

Но, во случај на нагло влошување на состојбата во некоја од земјите или регионите, тие се подготвени повторно да воведат строги мерки.

Обврската за тестирање на корона пред и по пристигнувањето или карантинот сè уште ќе важат во некои земји-членки, но ЕУ вели дека овие мерки постепено ќе се релаксираат со напредувањето на процесот на вакцинацијата и подобрувањето на состојбата во некои земји.

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги финишираат преговорите за воведување на дигиталните т.н. „зелени сертификати“, со кои би започнал планот за витално спасување на претстојната туристичка сезона, но преговорите ќе продолжат утре.

„Членовите на Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки ќе продолжат со преговорите во четврток“, соопштија од португалското претседателство со ЕУ.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина