Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца охриѓани кај кои полицијата пронашла дрога, пиштол и муниција

Загина прилепчанец, со мотоцикл излетал од патот

Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со охридската полиција, вчера уапсиле двајца охриѓани – А.А.(47) и Т.А.(51).

При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една ќеса со семки од канабис и две ќеси со кафеава прашкаста материја.

Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми.

Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

Можете да прочитате

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати

 Учество на министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Анкара, Турција

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје