Утрински Весник
Магазин

Ема Стоун елегантна на премиерата на „Круела“ во Холивуд

Ема Стоун елегантна на премиерата на „Круела“ во Холивуд

Таа е sвезда на најновиот Дизни-филм „Круела“.

А во вторникот вечерта, Ема Стоун се чинеше дека ужива во враќањето на црвениот тепих за светската премиера на филмот во Холивуд.

Актерката (32) изгледа беспрекорно во црно скроено одело со златни копчиња и брош.

Премиерата е прв настан од висок профил за Стоун откако таа стана мајка. Таа и сопругот Дејв Мекари добија ќерка во март, како што објави „Пипл“.

Дејствието на филм,от приказна за познатата злобничка од филмовите „101 далматинец“ Круела де Вил, се одвива во Лондон во 70-тите години, а младата Естела де Вил (Ема Стоун) е амбициозна модна дизајнерка со панк-рок и авангарден личен стил. Филмот изобилува со многу интересни костими и стајлинзи, со потпис на британската костимографка оскаровка Џени Биван.

Можете да прочитате

Сè забележуваат, малку кажуваат: Четири хороскопски знаци што тешко можете да ги измамите

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Големо откритие во физиката: Создадени првите нуклеарни часовници во светот