Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд, а во петок ќе дува засилен северен ветер. Стабилно, сончево и топло ќе биде во деновите од викендот.