Мајорка, клубот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, експресно се врати во Ла лига, откако го потврдија второто место на табелата во втората лига зад уште еден повратник, Еспањол, откако третопласираната Алмерија загуби со 3:2 од Картахена.
Поразот ги остава Алмерија на 67 поени на два меча пред крајот, додека Мајорка, која утре гостува кај Тенерифе има 75 поени и три преостанати мечеви. Мајорка заостанува само три поени зад Еспањол и до крајот на сезоната можат да ја освојат и второлигашката титула.
За третото место кое води во елитата најверојатно ќе се борат во бараж Алмерија, Леганес, Џирона, Спортинг Хихон и Рајо Валјекано.
Som de Primera! https://t.co/P1xxUp0h3R
— Real Mallorca (@RCD_Mallorca) May 18, 2021
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-37-32502”));
> Мајорка се врати во Ла лига по поразот на Алмерија <