Утрински Весник
Македонија

Владата назначи нов директор на пазарна инспекција

54202681 2fa7 4b84 9d1e 7fd536eab348
Dik 300x250 mk

Владата на денешната седница назначи нов директор на Државниот пазарен инспекторат, откако пред еден месец го разреши Стојко Пауновски дознава 24 инфо.

За вршител на должност е назначена поранешната пратеничка од СДСМ, Анета Симеска Димоска.

Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Димоска е од Македонски Брод .

Можете да прочитате

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари