Утрински Весник
Свет

САД ги користат руските ограничувања како изговор за прекин на конзуларните услуги

САД ги користат руските ограничувања како изговор за прекин на конзуларните услуги

САД ги користат мерките за ограничување во работењето на дипломатските мисии воведени од Русија, како изговор за запирање на конзуларните услуги, тврди заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во интервју за РБЦ.

„Постојано ги предупредувавме Американците дека во отсуство на позитивен одговор на нашите предлози од нивна страна, за тоа како да ги дефинираме условите за работење на институциите во странство, работите може да добијат сериозен пресврт. Ова имплицира рестрикции и, ако е потребно , целосна забрана за вработување локален персонал, а сега тоа се случи “, посочи тој.

„Американците ја користат оваа ситуација како изговор да се справат со некои свои проблеми поврзани со работењето на конзуларните институции“, додаде тој.

Рјабков истакна дека, и покрај притисокот извршен врз руските институции во САД, тие продолжуваат да функционираат без ограничување во нивните конзуларни услуги.

„Продолжуваме, колку што е можно, да работиме без да го намалиме нивото на обезбедени конзуларни услуги. Имаме намера да го правиме тоа и во иднина“, нагласи тој.

Тој, во исто време, истакна дека САД можеа да се воздржат од носење одлука за ограничување на издавањето не-имигрантски визи и ограничување на конзуларните услуги, но американската страна не е подготвена за компромиси.

„Досега, во чекорите на САД не гледаме ништо друго освен демонстративни мерки. САД не се занимаваат со тоа да им обезбедат услуги на луѓето и овде и таму“, заклучи високиот дипломат.

Можете да прочитате

Абас му честиташе на Трамп, изразувајќи уверување дека ќе ги поддржи палестинските аспирации за државност

Меланија Трамп покрај сопругот, во елегантна комбинација креирана лично од Диор

Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја