Дали некогаш сте се запрашале кој е вашиот тип на кожа? Ние ќе ви помогнеме да го разберете вашиот тип на кожа со цел да ја прилагодиме вашата рутина за нега на кожата, за подобро да одговара на вашите индивидуални потреби.
#Мрсна кожа
Мрсната кожа е еден од типовите на кожа кој може полесно да се утврди бидејќи се забележува сјајот на лицето и вратот. Кај мрсната кожа може да почувствувате дека повторно сакате да го миете лицето попладне, бидејќи се чувствува вишокот на масло на кожата. Големото производство на масло може предизвика појава на пори, но добра вест е што кожата е помалку склона кон брчки и дехидратација.
Заеднички карактеристики на мрсна кожа може да бидат:
- Зголемени пори
- Сјаен тен
- Црнки
- Кожа склона кон акни
Совети за нега на мрсна кожа
За масен тип на кожа треба внимателно да се изберат производи за нега на кожата и шминка. Користете хидратантни креми без масло, некомедогени производи и состојки кои се борат против акни, како што се салицилна киселина, гликолна киселина, бензол пероксид и чајно дрво. Не користете густи и тешки креми, производи за шминка на база на масло затоа што вашата кожа ќе ја апсорбира влажноста, а остатокот ќе остане на површината на кожата. Ова може да доведе до затворање на порите и дополнителен сјај на лицето. Клучно е да се ексфолираат мртвите клетки на кожата кои предизвикуваат блокада на порите. Масната кожа е исто така склона кон PIH (постинфламаторна хиперпигментација) што веројатно ќе остави темни дамки и лузни од акни. Редовна ексфолиација помага во обнова на клетките, го рафинира тонот и текстурата на кожата, како и осветлување на лузните.
Нашите производи за мрсна кожа може да ги погледнете тука.
#Комбинирана кожа
Комбинираната кожа е најчестиот тип на кожа, но може да биде покомплексно за да се одреди бидејќи има два различни типа на кожа на лицето. Кожа честопати е мрсна во Т-зоната што вклучува чело, нос и брадата поради високото производство на масло. Останатите делови на лицето, како образите, се суви, ронливи или нормални. Овој тип на кожа може да се менува и сезонски, така што вашата кожа може да биде мрсна во текот на летото и сува во зима.
Заеднички карактеристики на комбинираната кожа може да вклучуваат:
- Зголемени пори и сјајна кожа претежно во Т-зоната
- Црнки
- Лузни од акните
- Може да има хиперпигментација како темни дамки
- Кожа склона кон акни
Совети за нега на комбинирана кожа
Да се справите и со сува и со мрсна кожа значи дека враќањето на рамнотежата на кожата е клучно за здрава кожа. Пилингот е суштински дел од рутината за нега на комбинирана кожа, бидејќи помага да се отстранат мртвите клетки од кожата на сувите делови на кожата, а истовремено да се исчистат затворените пори. Избегнувајте груби состојки и производи со мириси но, одлучете се за производи за нега на кожата со природни екстракти како што се зелен чај, centella asiatica, алое вера за смирување на иритација на кожата и црвенило. Користете средство за чистење за балансирање на pH, тонер и навлажнувачки крем за да ја изедначите кожата, и нанесување на третмани на места каде имате акни. Корисен совет – покисело pH е подобро за балансирање на маслото во вашата кожа.
Нашите производи за комбинирана кожа може да ги погледнете тука.
#Нормална кожа
Доколку вашата кожа не е премногу сува или премногу мрсна, тогаш вие имате одличен баланс на масло и хидратација. Ова е еден од најретките типови на кожа, а ако вие го имате треба да бидете среќни и да им се заблагодарите на вашите
родители за гените! Добро избалансираната здрава кожа може да ги толерира повеќето производи за убавина без негативна реакција. Ова е навистина феноменално бидејќи тоа значи дека можете да играте и да се забавувате експериментирајќи со нови средства за чистење на лице, маски за спиење и производи за шминка. Едно нешто што треба да се напомене е дека дури и ако кожата ви e без сјај, или повремено се појавуваат акни или други проблеми со кожата, можат да исчезнат прилично брзо.
Карактеристики на чувствителна кожа:
- Мали, не многу видливи пори
- Кадифена, мека и мазна текстура
- Без сериозни чуствителности на кожата
- Сјаен тен
Совети за нега на нормална кожа
Тип на нормална кожа е еден од најлесните типови на грижа, но мора да се запомне дека кожата може да се промени со текот на времето како резултат на сезоните, стареењето, промената на нивото на хормоните и настаните во животот. Ако се појави хормонална нерамнотежа, може да почувствувате сувост или чешање на кожата, па дури и појава на цистични акни. Важно е да останете во тек со редовната рутина за нега на кожата, и што е најважно, со заштита од сонце. Овој тип е еден од првите типови на кожа кои покажуваат знаци на стареење и еден од главните еколошки фактори што ја стареат се ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето. Тоа е така, затоа што, штом навлезат во кожата, тие го оштетуваат колагенот и го спречуваат развојот на нов колаген, оставајќи ја кожата помалку цврста, дозволувајќи им на фините линии и брчките да се развијат. Користете добар SPF 30 (или повисок) и крем против стареење со состојки како хијалуронска киселина, витамин Ц, церамиди и ретиноиди.
Нашите производи за нормална кожа може да ги погледнете тука.
#Чувствителна кожа
Ако вашата кожа има голема тенденција за појава на црвенило, иритација на кожата, чешање и осип на кожата, веројатно е дека сте имате чувствителна кожа. Ова може да биде предизвикано од генетика, фактори на животната средина, или алергии. Ако страдате од кожни нарушувања или алергиски реакции како розацеа, егзема, астма, атопичен дерматитис, алергиски ринитис, веројатно имате чувствителна кожа.
Карактеристики на чувствителна кожа може да вклучуваат:
- Кожа што лесно се иритира, воспалува, сува и чувство на јадеж
- Чест осип
- Црвенило, оштетена кожа
- Чувство на печење или пецкање по примена на производи за кожа, особено со синтетички мириси и бои.
Совети за нега на чувствителна кожа
Да се најде совршен производ за убавина што нема да ја иритира чувствителната кожа е предизвик. За жал, не е лесно да се утврди единствена причина за чувствителност на кожата; сепак, може да забележите дека развивате симптоми, како одговор на одредени предизвикувачи. Заеднички активирачки состојки се мириси или бои, сулфати, парабени и други груби хемикалии кои можат да ја влошат чувствителноста на кожата и алергиите. Бидејќи чувствителната кожа бара козметички производи кои нежно ја третираат но, се ефикасни, побарајте производи за природна убавина со помалку додатоци. Изберете производи за нега на кожата со хипоалергични етикети, без мирис, со смирувачки, лековити или антиинфламаторни својства како што се зелен чај, муцин на полжав, centella asiatica, алое вера и прополис. Одличен тест на кожата кој овозможува да ја испитате вашата алергиска реакција на производот и да видите дали е погоден за вашата кожа. Прво испробајте го производот и нанесете мала количина на некаде скриена област но, близу до областите каде што ќе се нанесува производот, како што се вилицата, страната на вратот или зад увото. Почекајте неколку часа или 24 часа за подобар резултат и побарајте знаци на црвенило или иритација на кожата. Ако не можете да забележите никакви алергиски реакции, безбедно е, тој производ да го додадете во рутината за нега на кожата. Последното нешто што сакате е да испробате нов производ на целото лице и да имате несакана реакција.
Нашите производи за чувствителна кожа може да ги погледнете тука.
Градење на вашата совршена рутина за нега на кожата!
Без оглед каков е вашиот тип на кожа, одличната рутина за нега на кожата со соодветни производи може да ви помогне да го лекувате и одржувате целокупното здравје на кожата и да ги подобрите состојбите на кожата како што се дамки, хиперпигментација, црнки и оштетувања на кожата. Да се најде вистинскиот хидратантен крем за вашата кожа е комплексно, но треба да се знае дека тоа е суштински дел за здрава и сјајна кожа. Бидејќи состојбата на кожата се менува со текот на времето, обрнете подобро внимание на нејзините потреби за таа да функционира и да изгледа најдобро. Ова ќе и помогне на вашата кожа да биде избалансирана и блескава.