Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани нови 12 пациенти

Регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, починати се 36 лица

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники немало приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски