Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Студија: 96 проценти од Британците развиле антитела по првата доза

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 286 пациенти, затворени дел од капацитетите
300x250 opst2

Повеќе од 90 проценти од Британците имаат антитела против коронавирус по една доза вакцина на „Астразенека“ или „Фајзер“, и скоро 100 проценти по втората доза, покажува истражувањето спроведено на 8.517 луѓе во Англија и Велс.

Студијата од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажа дека 96,42 луѓе развиле антитела 28 до 34 дена по првата доза, а тој процент се зголемил на 99,08 проценти во рок од седум до 14 дена од втората доза, пренесува „Гардијан“. Истражувачите истакнаа дека ова е одлична вест и вистински научен подвиг, додавајќи дека вакцините функционираат исклучително, особено со оглед на брзината со која се развиени.

Просечната возраст на учесниците во истражувањето е 65 години, односно истражувањето е спроведено меѓу постарата популација, која прва се вакцинирала во Велика Британија. Студијата покажа дека нивото на антитела на почетокот побрзо пораснало кај луѓето кои примиле вакцина на „Фајзер“ отколку кај оние кои биле вакцинирани со „Астразенека“, но по четири недели и едните и другите имале речиси исто ниво на антитела.

Исто така, по првата доза на вакцината, нивото на антитела било пониско кај постарите луѓе. Меѓутоа, кога ја примиле втората доза, луѓето од сите возрасти имале изедначено ниво на антитела. Нивото на антитела било исто така пониско кај луѓето со одредени болести како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Таа разлика исчезнала кога сите учесници во студијата добиле втора доза, се вели во студијата.

 

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови