Утрински Весник
Свет

Ердоган: Запрете го масакрот врз Палестинците

Ердоган: Запрете го масакрот врз Палестинците

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган побара итен прекин на израелскиот „масакр“ врз Палестинците, пренесе агенцијата АФП.

Како што е наведено, Ердоган денес разговарал по телефон со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, и за време на разговорот побарал да се прекине масакрот што Израел го спроведува врз Палестинците.

„Целото човештво треба да се обедини против окупаторот Израел, кој не се двоуми да напаѓа и светилишта“, рече Ердоган за време на разговорот.

 

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години