Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Трката на мадридските ривали ќе се решава во последно коло – Барса се откажа

Трката на мадридските ривали ќе се решава во последно коло – Барса се откажа
Img 7972

Со страшен пресврт лидерот на табелата во Ла лига, Атлетико Мадрид остана на првата позиција и по денешното претпоследно коло.

Атлетико со 2-1 славеше многу важна победа против Осасуна, откако Србинот Анте Будимир во 76 минута донесе гостинска предност од 0-1.

Сепак момците предводени од Диего Симеоне најпрво преку Ренан Лоди израмнија на 1-1 во 82 минута, а творецот на победата беше кој друг ако не Луис Суарез во 88 минута.

Мадридскиот ривал – Реал со 1-0 славеше во Билбао, кај Атлетик благодарение на Начо кој во 68 минута го постигна единствениот гол на мечот.

Третиот ривал за шампионската титула – Барселона на коло пред крајот се откажа од трката. Каталонците на свој терен денеска беа поразени од Селта Виго со 1-2.

Меси донесе водство од 1-0 во 28 минута, но Санти Мина го израмни резултатот во 38 минута.
Победата на Селта ја донесе истиот играч со погодокот во 89 минута.

Уште едно коло треба да се одигра до крајот на сезоната во Ла Лига, а Атлетико е прв со 83 бода, два повеќе од Реал и дури 7 пред тимот на Барселона.

На останатите денешни мечеви од 37. Коло беа постигнати следните резултати:

Алавес – Гранада 4-2
Бетис – Уеска 1-0
Кадис – Елче 1-3
Хетафе – Леванте 2-1
Реал Сосиедад – Валјадолид 4-1
Валенсија – Еибар 4-1
Вилјареал – Севилја 4-0

> Трката на мадридските ривали ќе се решава во последно коло – Барса се откажа <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона