Утрински Весник
Свет

Студија во Италија: После вакцина, ризикот од инфекција со Ковид-19 е намален за 80 проценти

МЗ: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини
Dik 300x250 mk

Пет недели по приемот на првата доза на вакцина против коронавирус, можноста од нова инфекција со Ковид-19 е намалена за 80 проценти, помала е и можноста од смртни случаи која достигнува дури 95 процент, ова е наведено во студијата на научниците од италијанските национални институти за здравство.

Според италијанските агенции, ова е прво вакво обемно истражување на земја-членка на Европската Унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а податоците беа анализирани од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај оваа година.

Податоците покажаа дека моделот е ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст и ризикот од инфекција постепено се намалува две недели по приемот на првата доза.

Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти ги добиле двете дози на „Фајзер“ или „Модерна“, а останатите пет проценти биле вакцинирани со „Астра зенека“.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени