Утрински Весник
Македонија

Тројца малолетници од Тетово краделе од продавници за време на полициски час

Тројца малолетници од Тетово краделе од продавници за време на полициски час

Тетововската полиција целосно расчисти 12 тешки кражби и ќе изготви поднесоци против три малолетни лица од Тетово на возраст од 13 до 16 години.

Тројцата тинејџери се сомничат дека во периодот од февруари до април годинава со употреба на сила влегувале во продажни и угостителски објекти во централното тетовско подрачје и одземале пари или разновидни производи.

Малолетниците, истовремено, не ја почитувале и забраната за движење за што ќе им биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи.

Можете да прочитате

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери

Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица