Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Монтана е омилена дестинација на Бен Афлек

Монтана е омилена дестинација на Бен Афлек
300x250 opst2

Монтана е посебно место за Бен Афлек, тој ја избира оваа дестинација кога сака да ја разбистри главата, пишуваат таблоидите.

Потсетувајќи дека актерот минатата недела ја однесе својата поранешна вереница Џенифер Лопез во планинскиот резорт „Биг Скај“ во Монтана, очигледно е дека ова е местото каде поминува квалитетно време со жените во неговиот живот.

Во октомври 2018 година, Бен ја однесе 25-годишната Плејбој манекенка Шона Секстон на викенд патување во Монтана, еден ден по финализирањето на разделбата со тогашната сопруга Џенифер Гарнер, од која се разведе во 2015 година.

Исто така, тоа беше редовно место за одмор за Афлек, Гарнер и нивните три деца. Тие дури го поминаа Божиќ на планина заедно како семејство во декември 2015 година, шест месеци откако објавија дека се разделуваат.

Извор од тоа време изјавил за „Пипл“: Монтана е посебно место за Бен. Таму оди кога сака да побегне од сè. Тој сака да оди таму во својата куќа, и сам и со семејството.

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ