Утрински Весник
Свет

Истражување во Британија: 12.000 животи спасени со вакцините против Ковид-19

Истражување во Британија: 12.000 животи спасени со вакцините против Ковид-19

Кампањата за вакцинација против коронавирус во Англија спаси скоро 12.000 животи, а повеќе од 30.000 постари луѓе не завршија во болници со тешка форма на болест, покажа студијата од англискиот институт за јавно здравје.

Во Велика Британија, две третини од возрасната популација е вакцинирана со најмалку една доза на вакцина против Ковид-19, ова оди во корист на намерите на британскиот премиер Борис Џонсон да ја отвори економијата до летото.

До крајот на април, програмата за вакцинирање против Ковид-19 спречи 11.700 смртни случаи кај луѓе постари од 60 години во Англија.

Се проценува дека во истиот период биле избегнати 33.000 хоспитализации на луѓе постари од 65 години.

Податоците за PHE не ги опфаќаат Шкотска, Велс или Северна Ирска, чии влади имаат сопствена политика за пандемија.

„Вакцината веќе спаси толку многу животи и сега можеме да го видиме огромното влијание што таа го имаше за да спречи поголем број од луѓето сериозно да се разболат а со тоа да ги заштитиме нашите болници“, рече Мери Рамзи, раководител на програмата за вакцинација на PHE.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња