Утрински Весник
Македонија

Заев – Туск: Европската народна партија силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија

Заев – Туск: Европската народна партија силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев во Атина имаше средба со Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.

Премиерот Заев ја искажа својата благодарност до претседателот Туск за поддршката која тој ја даде за Северна Македонија за време на склучувањето на Договорот од Преспа како и за охрабрувањата кои тој ги упатуваше на македонски јазик до граѓаните во тој период.

Исто така, Заев го извести претседателот Туск дека македонската Влада останува силно посветена на реформите во сферата на правната држава, борбата против корупцијата и криминалот, на справувањето со пандемијата, на развојот на економијата и на европските интеграции и дека ќе продолжи политичкиот дијалог со сите чинители со цел обезбедување уште подобри резултати на овие теми.

Претседателот Туск на премиерот Заев уште еднаш му потврди дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.

Премиерот Заев потенцираше дека политичкиот дијалог секогаш носи решенија и во таа насока потврди дека во Северна Македонија постојат и услови и потреби за унапредување на соработката меѓу власта и опозицијата, пред сѐ заради тоа што граѓаните очекуваат заедништво и сплотеност на политичките партии кога се во прашање иднината на земјата и интересот на народот.

Можете да прочитате

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се покаже на изборите

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар