Утрински Весник
Свет

Хамас со беспилотни летала ја гаѓаше израелската гасна платформа во Средоземното море

Хамас со беспилотни летала ја гаѓаше израелската гасна платформа во Средоземното море

Военото крило на движењето Хамас „Бригада ел Касам“ објави дека извршило напад врз гасната платформа на Израел во Средоземното море со помош на борбени беспилотни летала.

„ Во битката за „мечот на Ерусалим“ се користеше ново оружје, а со помош на беспилотни летала „Шихад“ беше нападната гасна платформа недалеку од бреговите на Појасот Газа“, стои во соопштението објавено на социјалната мрежа на „Бригада ел Касем“.

Тоа, како што наведоа, било одговор на нападите врз Појасот Газа што беа извршени денес, пренесува „Спутник“.

Палестинските борци се заканија со уште пожесток напад врз продолжување на агресијата и убиството на водачите и активистите на Хамас.

Ескалацијата на конфликтот меѓу Газа и Израел продолжи и денес. Алармните сирени се огласуваат уште од раните зори, а бројот на жртвите расте. Хамас тврди дека испукал десетици ракети низ Израел.

Портпаролот на израелската армија Хидал Зилберман објави дека плановите за можна копнена инвазија на појасот Газа ќе бидат претставени на израелскиот Генералштаб за одобрување.

Можете да прочитате

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување

Трамп на социјалните мрежи ги обои Канада и Гренланд во американски бои

Фон дер Лајен: Време е да изградиме нова, независна Европа