Утрински Весник
Свет

Девојче прободено со нож во училиште на Сицилија

Девојче прободено со нож во училиште на Сицилија

12-годишно девојче беше избодено денес со кујнски нож во училиште во сицилијанскиот град Ени, информираат италијанските медиуми.

Таа била нападната од две години постаро девојче од истото училиште, кое со ножот и нанела убоди во делот на лицето, рацете и увото, пренесуваат агенциите додавајќи дека повреденото девојчето било пренесено во локалниот Ургентен центар.

Мајката на повреденото девојче, видно потресена, рече дека е страшно што девојчето донело кујнски нож на училиште со намера да повреди некого.

Директорот на училиштето веднаш ги известил надлежните судски органи и локалните обвинители, а на 14-годишното девојче му бил забранет пристап до училиштето се до промена на одлуката.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција