Утрински Весник
Свет

Норвешка ја повлече вакцината на „Астра зенека“ од употреба

Норвешка  ја повлече вакцината на „Астра зенека“ од употреба

Норвешка ја повлече вакцината на „Астра зенека“ од својата програма за вакцинирање против Ковид-19, објави премиерката Ерна Солберг.

Таа рече дека одлуката е заснована на препораки од комитетот на експерти и од норвешкиот институт за јавно здравје, кој препорача повлекување на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ од програмата за вакцинација, поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.

Норвешка исто така ја продолжува суспензијата на вакцинта на „Џонсон и Џонсон“, но сè уште не ја исклучи од програмата за вакцинација, рече Солберг.

Владата размислува да им ја понуди вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која допрва ќе се користи во земјата, на оние кои се подготвени да ја примат.

Норвешка престана да вакцинира со „Астра зенека“ на 11 март како мерка на претпазливост поради појава на ретки тромби по вакцинацијата, вклучително и смртни случаи. До тогаш оваа вакцина ја примиле околу 138 000 луѓе.

Данска пред нешто повеќе од еден месец ја повлече вакцината на „Астра зенека“ од својата програма за вакцинирање.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе