Утрински Весник
Свет

Судир на два авиони во САД

Судир на два авиони во САД

Два мали авиони се судрија во воздухот во близина на американскиот град Денвер, при што еден од авионите речиси се преполови а пилотот на другиот авион го отвори падобранот со цел безбедно да слета, пренесуваат американските гласила.

Двата авиони се подготвувале да слетаат на мал регионален аеродром на периферијата на Денвер кога се судриле, а во несреќата никој не е повреден, соопшти Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.

„Секој од овие пилоти мора веднаш да купи билет за лотарија. Не се сеќавам на вакво нешто“, изјави заменик-шерифот Џон Бартман.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево