Утрински Весник
Македонија

(Видео) Санчез со порака до македонските граѓани: Може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ

(Видео) Санчез со порака до македонските граѓани: Може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ

Премиерот на кралството Шпанија, Педро Санчез, попладнево по состанокот со премиерот Зоран Заев упати видео порака до сите граѓани на Република Северна Македонија.

„ Сите граѓани на Република Северна Македонија, треба да знаат дека Шпанија е земја која е цврсто посветена на влезот на нивната земја во Европската Унија. Ние го поздравуваме нивното членство во НАТО и секогаш ќе го поддржуваме влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија. И, исто така, би сакал да му оддадам почит на Зоран како личност, на мојот пријател Зоран, на неговата младост, но и на неговото раководство.

Тоа е реформско раководство, кое е во корист на граѓаните на Северна Македонија, кое што несомнено претставува важен скок напред во сетот реформи кои што се спроведуваат и се од корист за нејзиниот влез во Европската Унија. Следствено тој може да смета на поддршката на Шпанија, се надевам дека наскоро, порано отколку подоцна, во Европската Унија“ порача Санчез.

Тој исто така потенцира дека македонските граѓани можат да сметаат на Шпанија за соработка од политички аспект, но и од економска гледна точка во однос на шпанските инвестиции во земјава.

Можете да прочитате

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Температурите нагло паѓаат, снег на планините и силен ветер до 60 км/ч!

Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!