Утрински Весник
Свет

Во Белград се вакцинираше италијанскиот плејбој Џанлука Ваки

Во Белград се вакцинираше италијанскиот плејбој Џанлука Ваки

Популарниот италијански милионер Џанлука Ваки (52), познат и како плејбој, денеска во Србија се вакцинираше против коронавирус, на Белградскиот саем, пренесуваат српските медиуми.

Ваки пристигна во Белград со приватен лет, а дојде само за вакцинација.

Тој за време на вакцинацијата цело време се фотографирал и снимал, а на крајот се заблагодарил на Србија за вакцината.

„Од овој момент па натаму че почнам да го живеам животот во потполност“ рекол Ваки по вакцинацијата.

Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе добие втора доза од вакцината. Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран без маица, а бил видно расположен и насмеан.

Ваки се прослави со неговите видеа на кои тој танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кои ги следат милиони, кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат убави жени, луксузен имот, јахти, трошење пари и луда забава.

Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива во убави девојки, Ваки тренира секој ден, неговото тело е целосно покриено со тетоважи, а и не е можно да се претпостави колку години има Италијанецот, пишува „Блиц“.

Тој неодамна доби ќерка со својата 28-годишна партнерка Шарон, која гордите родители ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки.

Можете да прочитате

Итна евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син Доналд Помладиот поради државни обврски

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина