Утрински Весник
Свет

Путин и Бајден ќе разговараат за за прашања поврзани со стратешката стабилност

Путин и Бајден ќе разговараат за за прашања поврзани со стратешката стабилност
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да одржат дијалог за прашања поврзани со стратешката стабилност, како што се контролата на оружјето и безбедносните проблеми, изјави амбасадорот Роберт А. Вуд, постојан претставник на САД во Конференцијата за разоружување, пренесува „Спутник“.

„Претседателот Бајден и претседателот Путин се согласија да дискутираат за широк спектар проблеми како контрола на оружјето и безбедносните прашања. Ние сме во процес на подготовка за овие дискусии“, рече Вуд на тематската пленарна дебата на Конференцијата за разоружување.

Американскиот претседател во понеделникот рече дека нема да ги промени плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Бајден минатата недела рече дека е закажана средба меѓу него и Путин во јуни.

Белата куќа неодамна објави дека Бајден го поканил Путин да се сретнат во една европска земја. Претходно во мај, Бајден рече дека се надева дека ќе се сретне со Путин во јуни. Кремљ извести дека се разгледува можниот датум за состанокот.

Можете да прочитате

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?