Утрински Весник
Свет

Германија: Наместо вакцина давала натриум хлорид, признала дека ѝ се скршило шишето

Германија: Наместо вакцина давала натриум хлорид, признала дека ѝ се скршило шишето
Dik 300x250 mk

Вкупно 22 лица во Германија ќе треба повторно да се вакцинираат, бидејќи наместо вакцината на „Бионтек-Фајзер“, тие примиле само инфузиски раствор на натриум хлорид.

Една медицинска сестра им вбризгала натриум хлорид наместо вакцина, што се докажало со соодветна анализа на антитела, пренесува радиото „Норддојче рундфунк“.

Истрагата е спроведена откако медицинска сестра од центарот за вакцинација во Шортенс признала дека наполнила шест шприцови со натриум хлорид наместо со вакцина.

Таа рече дека, при подготовката, ѝ паднало и се скршило едно шише вакцина, што сакала да го забошоти.

Поради тој обид за прикривање, повеќе од 100 луѓе биле подложени на анализа на антитела, за да се утврди кој не добил вакцина.

Можете да прочитате

Ердоган: Победата во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на лидерите

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах