Утрински Весник
Свет

Во Англија првпат по 14 месеци нема забележани случаи на починати до Ковид-19

Во Англија првпат по 14 месеци нема забележани случаи на починати до Ковид-19

За првпат по 14 месеци не се забележани смртни случаи поврзани со коронавирус во Англија, Шкотска и Северна Ирска.

Пермиерот Борис Џонсон потврди дека Англија ќе продолжи да ги укинува дополнителните ограничувања и следната недела.

Од 17 мај, благодарение на позитивните податоци за бројот на новозаразени и вакцинирани, Англија дополнително ќе ги олесни ограничувањата наметнати поради Ковид-19 и меѓу другото, ќе дозволи собири во домови, објави вчера британската влада.

Оваа земја е во фаза на укинување на мерките за затворање во согласност со планот објавен во февруари.

Во третата фаза од планот, како што е најавено, за прв пат по неколку месеци, на граѓаните ќе им биде дозволено да се состануваат во затворени простории во групи до шест лица или две цели домаќинства.

На баровите и рестораните, исто така, за првпат по неколку месеци, ќе им биде дозволено да им служат на посетителите во затворени простории според одредени правила. Другите затворени простории за забава и спортски објекти ќе можат да започнат со активности.

„Податоците го покажуваат она што веќе го знаевме – нема да дозволиме вирусот да не победи“, рече Џонсон.

„Планот продолжува, нашата успешна програма за вакцинација продолжува, повеќе од две третини од возрасните во Велика Британија сега ја примија својата прва вакцина и можеме да очекуваме претпазливо, но неповратно отворање“, рече Џонсон.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина