Утрински Весник
Македонија

Во Собранието ќе се формира парламентарна група за соработка со парламентот на Грузија

Во Собранието ќе се формира парламентарна група за соработка со парламентот на Грузија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска, имаше работен ручек со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на кој што изразил надеж дека конечно по воспоставувањето на дипломатските односи со Грузија во 2019 година, ќе почнеме еден период на поинтензивна комуникација и политичка соработка на високо ниво.

Како што информираат од кабинетот на Џафери, самата посета на претседателката на Грузија претставува почеток на висока соработка и можност за унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на секое поле.

Џафери изразил задоволство за тоа што во Парламентот на Грузија е формирана тричлена парламентарна група за соработка со нашето Собрание и на тоа возвратил дека до крајот на овој месец, и во македонското Собрание ќе се формира парламентарна група за соработка со Парламентот на Грузија.

Претседателот на Собранието го поздравил и денешното потпишување на Спогодбата меѓу Северна Македонија и Грузија за укинување на визите и Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за култура.

„Ме радува потпишувањето на овие Спогодби, тоа ќе биде убава можност за подобра комуникација и соработка меѓу двете земји“, нагласил Џафери.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема