Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Твитер“ и „Фејсбук“ обвинети за цензурирање на палестинските содржини

„Твитер“ и „Фејсбук“ обвинети за цензурирање на палестинските содржини
300x250 opst2

Канцеларијата за медиуми на палестинската влада во Појасот Газа ги критикува платформите на социјалните мрежи за цензура на палестинските содржини за време на актуелната ескалација во Ерусалим, пренесува „Мидл Ист монитор“.

„Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“ беа споменати специфично во пораката. Овие платформи, како што се тврди, се одговорни за бришење на палестинските содржини и за забрана на десетици пропалестински профили поради нивното покривање на настаните во џамијата „Ал-Акса“ и немирите во ерусалимската населба Шеик Џара.

Канцеларијата нагласи дека овие мерки се доказ за соучесништво на овие платформи на социјалните медиуми со израелските власти и нивните двојни стандарди. Тие го одвлекуваат јавното внимание од прекршоците на израелските власти, притоа ограничувајќи ја пропалестинската содржина под изговор дека ги крши стандардите за објавување.

„Ваквите мерки од овие големи платформи претставуваат повреда на слободата на мислење и изразување“, се тврди во пораката.

Палестинската влада во Газа ги повика гореспоменатите платформи да стават крај на нивната антипалестинска позиција  и повторно да ги активираат сите блокирани профили.

 

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија