Утрински Весник
Македонија

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за здрасвство, Венко Филипче.

Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид – центрите во Скопје и низ државата е сѐ помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

„Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите освен еден дел од одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција. Заводот за рехабилитација-Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од ковид и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле, и на дел од одделенијата во зградата за Интерни клиники. Клиниките за Оториноларингологија и Офталмологија исто се враќа во финкција до крајот на неделата. Продолжува намалувањето на притисокот врз болниците ширум државата. Повеќе од половина од капацитетите се слободни и се враќаат во нормална работа и останатите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите“, изјави Филипче.

 

Можете да прочитате

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија

Вчера Судот му го врати пасошот, денес Марковски задржан на „Табановце“

Левица: Од „Рекет” до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник”