Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар и опрема за кајакарење

Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар и опрема за кајакарење
Img 7972

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Тејада, денеска во Бислимска клисура го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“.

„Пред година ипол отпочнавме заеднички проект со швајцарската амбасада, кадешто северо-истичниот плански регион доби средства во износ некаде околу 8 милиони денари. Со средствата беше набавена различна спортска опрема – кајак опрема, опрема за планински велосипедизам, мотокрос опрема – четирицикли, дополнителна опрема за искачување во планински предели. И истата, северо-истичниот плански регион со едногласна одлука на сите градоначалници од регионот ја додели на Лаг Абер 2015 од Куманово, коишто во соработка со друга професионална организација која се занимава со развој на ваков спорт веќе отпочнува со имплементација и развој на вакви проекти“, рече Димитриевски.

Милевски кажа дека Министерството со швајцарската амбасада набавиле 20 комплетно опремени кајаци, кои можат да ги користат и лицата со посебни потреби.

Набавени се 8 машки и 8 женски велосипеди, 6 електрични велосипеди и 2 мотори со погон на четири тркала и дополнителна опрема која што ќе се користи за разновидни содржини – велосипедизам, авантуристички  туризам, алпинизам.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму