Утрински Весник
Македонија

121 сообраќајни прекршоци во Скопје, 64 за брзо возење

121 сообраќајни прекршоци во Скопје, 64 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64, седум за возење без возачка дозвола, 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкции за некористење сигурносен појас и 24 за непрописно паркирани возила.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

ОЈО и МВР ја потврдија акцијата во Куманово: Се вршат претреси на повеќе локации

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува група за изнуда и лихварство