Утрински Весник
Спорт

Челси ја одложија промоцијата на Манчестер сити – Алонсо им пресуди на „граѓаните“

Челси ја одложија промоцијата на Манчестер сити – Алонсо им пресуди на „граѓаните“
Dik 300x250 mk

Манчестер сити ќе почекаат барем уште едно коло за да ја прослават шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“, во дербито на 35.коло, загубија од Челси со 1:2 (1:0). Овој дуел беше генерална проба пред соочувањето на двата тима во финалето на Лигата на шампиони.

Двата тима во дербито влегоа по тешките полу-финални мечеви во Лигата на шампионите. Поради тоа менаџерите Пеп Гвардиола и Томас Тухел започнаа со комбинирани состави.

Во првото полувреме немаше возбудувања се до самиот финиш. Во 44.минута грешката на Кристенсен иницираше акција на Сити, која со гол ја заврши Стерлинг. Во наредниот напад, Сити добија пенал и можност да го решат натпреварот.

Топката ја зеде најдобриот стрелец во историјата на Сити, Серхио Агуеро, се обиде со Паненка, но се посрамоти за сите пари. Менди лесно ја фати топката.

Во второто полувреме, Челси успеаја да направат пресврт. По грешката на Родри и асистенцијата на Аспликуета, Зијеш израмни во 63.минута.

Сити, во 87.минута бараа пенал по старто на Зума врз Стерлинг, меѓтуао судијата Тејлор само одмавна со раката.

На истекот на натпреварот, во 92.минута, Вернер нафрли, а Маркос Алонсо го совлада Едерсон за конечни 1:2.



> Челси ја одложија промоцијата на Манчестер сити – Алонсо им пресуди на „граѓаните“ <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс