Утрински Весник
Свет

(Видео) Познато е каде на Земјата можат да паднат делови од кинеската ракета

(Видео) Познато е каде на Земјата можат да паднат делови од кинеската ракета
Dik 300x250 mk

Повеќето остатоци од големата кинеска ракета за кои се очекува дека викендов ќе се вратат во атмосферата ќе изгорат при враќањето и најверојатно нема да предизвикаат штета, рече денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Астрофизичар од Харвард даде свои проценки за местото каде би паднала ракетата.

Локацијата на влегување на ракетата во земјината атмосфера може да се одреди само неколку часа пред нејзиното влегување од вселената во земјината атмосфера , соопшти Американската вселенска команда.

Говорејќи во Пекинг, Ванг Венбин рече дека Кина внимателно го следи враќањето на ракетата во атмосферата и дека повеќето од нејзините компоненти ќе бидат изгорени по враќањето.

„Можноста овој процес да предизвика штета на површината е исклучително мала“, рече тој.

Остатоците од ракетата „Лонг март 5Б“ најверојатно ќе паднат во меѓународните води, објави кинескиот „Глобал тајмс“.

Со оглед на моменталната траекторија на ракетата, остатоците најверојатно ќе паднат во северната хемисфера во висина на Њујорк, Мадрид или Пекинг, а јужно Чиле или Велингтон или некаден помеѓу нив, рече астрофизичарот од Харвард, Џонатан Мекдауел.

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, во четвртокот изјави дека Американците нема да ја уништат кинеската ракета, индиректно критикувајќи го Пекинг дека изгубил контрола.

Според американските медиуми, ова не е прв пат Кина да ја изгуби контролата над леталата при нивното враќање на Земјата. Во април 2018 година, вселенската лабораторија Тиангонг-1 се распадна додека минуваше низ атмосферата две години откако престана да работи. Кинеските власти тогаш негираа дека изгубиле контрола над лабораторијата, пишуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник