Утрински Весник
Свет

Американски научници: Коронавирусот е болест на крвните садови, а не респираторна инфекција

Американски научници: Коронавирусот е болест на крвните садови, а не респираторна инфекција

Членовите на студискиот тим од американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека Ковид-19 не е респираторна туку васкуларна болест, пренесува Еуроњуз.

Ова, наводно, може да го објасни згрутчувањето на крвта кај некои ковид-пациенти и симптомите како што се ковид-стапала, кои не се класичен симптом на респираторна болест.

Студијата објавена во списанието „Сиркулејшн рисрч“, објаснува прецизно како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.

Веќе е познато дека покрај различните симптоми, меѓу кои и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои влијаат на организмот.

Тимот кој работеше на студијата покажа како вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот.

Протеинот С во вирусот  го напаѓа рецепторот АЦЕ2, оштетувајќи ги митохондриите кои ги снабдуваат клетките со енергија и со тоа ги оштетуваат ендотелата кои ги обложуваат крвните садови.

Научниците го забележаа ова и претходно, но точниот механизам и улогата на С-протеинот досега не беа познати.

Потоа, тие создадоа псевдовирус за потребите на студијата, кој имаше само С-протеин, но е и остаток од вирусот, за да покажат во лабораториски услови дека протеинот е доволен за да се предизвика болест.

Ефектите врз респираторниот систем се последица на воспаление на васкуларното ткиво во белите дробови.

Можете да прочитате

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан