Утрински Весник
Свет

Бајден ги продолжи санкциите кон Сирија

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи едностраните санкции против Сирија за уште една година, се вели во соопштението на Белата куќа. Санкциите вклучуваат низа ограничувања воведени од Вашингтон помеѓу 2004 и 2012 година.

Овие санкции особено вклучуваат замрзнување на средства на одредени лица и правни лица во САД, како и забрана за извоз на одредени категории на стоки и услуги од САД во Сирија, пренесува ТАСС.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден го објаснил продолжувањето на санкциите со тоа што „активностите и политиките на сирискиот режим, вклучително и ставови за употреба на хемиско оружје и поддршка за терористички организации“, претставуваат исклучителна закана за националната безбедност на САД, странски политика и економија.

„САД ги повикуваат режимот на Асад и неговите приврзаници да ја прекинат насилната војна против сопствениот народ, да прогласат прекин на огнот низ целата земја, да ја олеснат испораката на хуманитарна помош и да преговараат за политичко решение во Сирија во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ООН. “, се вели во документот.

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал