Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош објави оглас за субвенции за велосипеди

Општина Карпош објави оглас за субвенции за велосипеди
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.

Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска, 7 мај.

Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

За оваа намена, Општината издвои финансиски средства од својот Буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“. Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди, треба да ги достават следните документи:

– Барање за субвенција за нов велосипед;

– Фотокопија од лична карта;

– Фотокопија од трансакциска сметка;

– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (07.05.2021);

– Изјава за согласност за обработка на лични податоци;

Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот.

Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.05.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб страната www.m-zaednica.mk при што е потребно, секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите