Утрински Весник
Спорт

Во Реал стравуваат дека уморниот Зидан е подготвен да си замине

Во Реал стравуваат дека уморниот Зидан е подготвен да си замине
Dik 300x250 mk

Во соблекувалната на Реал Мадрид стравуваат дека Зинедин Зидан нема да биде на чело на тимот следната сезона, бидејќи Французинот е подготвен да си замине пред последната година од неговиот договор, тврди порталот „Goal“.

Според нивните информации од шпанската престолнина, консензусот е дека времето на Зидан е при крај и дека Зидан е уморен од работите кои не се под негова контрола. По недостатокот на трансфери во текот на летото, тука беа и низата повреди, бурниот календар, фијаското со Европската Суперлига, и редовните критики кои ги добиваше тој.

По разочарувачката елиминација од Челси во Лигата на шампоните, се верува дека Зидан веќе не може да смета и на поддршката на големите имиња во клубот, од кои на пример Марсело и Иско се разочарани од маргинализацијата.

Претседателот Флорентино Перез се надева дека ќе го убеди Зидан да остане барем уште 12 месеци, но најверојатно ова зависи од засилувањата кои Реал ќе успее да ги донесе во текот на летото, со Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен како прва цел на Зидан подолго време.

Кој би можел да го замени? Една опција е легендата Раул, кој сега е тренер на Б-тимот на Кастилја, од каде што пристигна и самиот Зидан. Друга опција е Јоаким Лев, кој си заминува од германската репрезентација по ЕП, како и Масимилјано Алегри, кој подолго време е без работа.

> Во Реал стравуваат дека уморниот Зидан е подготвен да си замине <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата