Утрински Весник
Економија

(Видео)Колева: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна

(Видео)Колева: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна

Економските мерки што ги спроведе Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои се потврдени и со официјални податоци, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Според неа, извозот во месец март 2021 година бележи раст од 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец, констатира Колева.

„Покрај раст на извозот на почетокот на годинава, раст бележи и просечната плата која во февруари оваа година е повисока за 2,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година и изнесува 27.984 денари. Согласно економските показатели и очекувањата, во оваа 2021 година, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи растот на платите, а невработеноста да се намалува“, посочи пратеничката на СДСМ.

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат